Компанијата „Беса транс“ имала уредна лиценца за меѓународен слободен превоз, но настраданиот автобус не бил пријавен од превозникот и го нема во електронската база на Министерството за транспорт и врски, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на вечерашната заедничка прес-конференција во Владата, на која говореа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Превозникот бил должен да го стори тоа. Извод од лиценца треба да има во секое возило. Бидејќи од досега добиените сознанија вршел превоз без извод од лиценца за тоа возило, Министерството почнало постапка за одземање на лиценцата за превоз на „Беса транс“.
Министрите не беа расположени да споделуваат други детали во врска со истрагата. Не одговорија ни на прашањето дали е точна информацијата дека во автобусот имало канистри полни со нафта.
– Тим од МВР и претставници на неколку стручни служби од Македонија замина во Бугарија. Очекувам многу брзо да имаме одговор на сите нејаснотии во врска со оваа трагедија – рече министерот Спасовски.
очварски околу информациите дека во предниот дел од опожарениот автобус наводно имало туби со нафта.
Немам такви информации. Истрагата ќе покаже што се имало во автобусот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.