Македонија е пред колапс и на економски и на здравствен план, доколку продолжи неодговорното и коруптивно однесување на власта на СДСМ, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За само три години неспособноста и арамилукот на Заев и неговата криминална банда ја донесоа државата пред банкрот. Македонската држава се наоѓа пред најсериозниот предизвик во изминатите 30 години, светска пандемија, вонредна состојба и економија која тоне. Македонските граѓани се оставени на милост и на немилост на суетата, политиканството и неспособноста на Заев и СДСМ. Илјадници граѓани се оставени без парче леб и без основен извор на егзистенција. Македонските компании со кои се гордеевме сега се пред згаснување. Истовремено власта наместо да работи на решавање на проблемите на граѓаните се занимава со тендери и малверзации со единствена цел профитирање од маката на обичниот граѓанин, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Однесувањето на СДСМ изминатите два месеци е срамно, додаваат, а дупката во буџетот кој според Заев и Ангеловска до пред некој месец беше во одлична кондиција сега изнесува 2,2 милијарди евра.
Економијата која наводно блескаше сега е пред колапс. Граѓаните се преплашени од фактот што Владата на СДСМ не нуди никакво излезно решение од оваа незавидна позиција. Во овие моменти не смее да се мисли на ситно профитерство. Функционерите на СДСМ не смеат да се фокусираат на провизии од летови или превоз на македонските граѓани од странство. Не смее приоритет да биде провизијата за респираторите. Македонија и граѓаните заслужуваат многу повеќе и многу поискрен ангажман од избраните и именувани функционери, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.