Додека речиси секој во државата се обидува да придонеси за надминување на ситуацијата со корона вирусот, владата е фатена во нов скандал. И покрај тоа што има забрана за патување во странство, во екот на пандемијата со корона вирус, во перидот од 17-20 март оваа година, Шекеринск преку Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошило дополнително речиси 362 илјади денари – обвини на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој посочи дека додека македонските доктори немаат маски, немаат респиратори, министерството со кое раководи Шекеринска тие пари ги троши на патувања и ручеци.

-Додека Заев ќе крати плати на работници, Шекеринска троши на ручеци и патувања.
Кризата на површина ги извади недостатоците на државниот систем. Три години не убедуваа дека блескаме, за само три недели буџетот доживее колапс.Сосема е погрешно неспособноста на владата да се прекрши на грбот на работниците во администрацијата. Мерката на Заев за урамниловка на примањата на функционерите, министрите и раководителите со примањата на работниците во администрацијата е погубна и неефикасна. Урамниловката на платите на функционерите со платите на работниците е сериозен удар за работниците но и за здравото ткиво на економијата кое е непогодено од кризата затоа што во промет ќе има помала потрошувачка а со тоа и помалку пари – додаде Јанушев.

Според него со мерката кратење на плати во администрацијата Заев практично осудува на глад многу семејства.

-Затоа што потрошувачката кошница за минатиот март изнесувала 32 852 денари, а со плата од 14.500 денари каква што предлага Заев не може да се подмират ниту основните трошоци, а не пак за плаќање сметки за струја вода и други трошоци, дополнително на ова трошоци за кредит на едно семејство кое што најчесто сите ги имаме. Министрите може да живеат комотно но не е и граѓаните. Заев осудува на пропаст и банкрот на многу семејства, и пропаст и банкрот на целата економија и затоа јавно го повикуваме да се откаже од намерата за урамниловка на платите на функционерите со платите на работниците во администрацијата – наласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.