Иако пандемијата на корона вирусот предизвика масовно затворање на границите ширум светот, Обединетите нации и годинава го составија рангирањето на најмоќните пасоши на 193 земји члеки на светската организација.

Листата се заснова на тоа колку на земјата со пасош ѝ е одобрен безвизен пристап или виза добивате по влез во земјата.

Пасошот на Нов Зеланд е прогласен за најмоќен, но сепак, во овој момент граѓаните на оваа островска земја имаат препорака да се воздржат од меѓународни патувања.

По Нов Зеланд кој е рангиран на првото место со оценка 129, следуваат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јужна Кореа, Јапонија и Австралија, сите со оцена 128 и го делат второто место.

На трето место се Шведска, Белгија, Франција, Финска, Италија и Шпанија, додека Велика Британија е на четврто место заедно со Холандија, Данска, Португалија, Литванија, Норвешка, Исланд и Канада.

Македонија е на 16 место, додека од земјите во регионот Словенија на петто место, Хрватска осмо, Романија и Бугарија на деветто, Србија е на 14, Црна Гора на 18, а БиХ на 19.

САД не се наоѓаат ни во првите 10, односно се рангирани на 21 место заедно со Малезија, со безвизен пристап во 52 земји и виза по доаѓањето за 40 дестинации.

На крајот на листата се Авганистан и Ирак, кои имаат оцена од само 31, а следуваат Сирија 34, Сомалија 35 и Јемен 36.

Индексот на посоши нагласува дека пандемијата од корона вирус имал хаотично влијание на севкупната отвореност на светот.

Покрај големата нестабилност на пасошката моќ во текот на годината, Индексот на пасоши ја ажурираше ранг листата во реално време, прикажувајќи го вистинскиот ефект на пандемијата на рангирањето на пасошите – се наведува на официјалната страница на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.