Оние на кои духот не успеа да им го скриши инквизицијата, ќе им го сотре кукавичкакот на првиот меѓу еднаквите, таткото на нацијата, сплотувачот, помирувачот, претседателот во заминување Ѓорге Иванов. Затоа што му веруваа на човекот кому му отчукуваат последните 24 часа да ги искористи уставната можност и моралната должност да се издигне над својата малодушност и уцените на власта и да си замине од вилата „Водно“ со крената глава.

Како што одминуваат минутите до крајот на неговиот мандат, така претседателот се оддалечува и се смалува во далечината во очите на народот кој застана зад него пред пет, па и пред 10 години. Нека не заборави дека зад него застанаа повеќе од половина милион Македонци! Човекот во кого видоа татко на нацијата 534.910 граѓани со право на глас се претвора во лесен плен за политички отстрел, играчка во рацете на власта, која поставена вака како досега, со апсолутна моќ, со партизрани институции, судство, обвинителство, нема да ја пропушти можноста да се изживува врз сиротиот заложник.

Претседателе Иванов, имате уште еден ден да ја исправите историската неправда што им е нанесена на уставобранителите, на нивните семејства, на праведните, на 534.910 граѓани кои застанаа зад вас и ви овозможија втор мандат!

Луѓето кои гнијат по затворите, знаат сите, а знае и Иванов, ниту се ниту биле терористи. Знае и дека осудените за тероризам, заслужуваат правично судење и дека за кубење за коса не се лежи 4 години робија.

Затворите се полни со луѓе чија заедничка порака е „Македонија никому не ја даваме, Македонија никому не ја продаваме. Името на нашата држава е Македонија. Така било и така ќе остане“.

Осудени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“

Митко Чавков – 18 години

Митко Пешов – 15 години

Душко Лазаров – 15 години

Горан Ѓошевски – Леви – 15 години

Мунир Пепиќ – 15 години

Влатко Трајковски – 15 години

Никола Митровски – Кољо -15 години

Јане Ченто – 15 години

Вилијам Михајловски – 14 години

Оливер Поповски – 13 години

Младен Додевски – 12 години

Горанче Ангеловски – 12 години

Игор Југ – 12 години

Оливер Радулов – 10 години

Александар Василевски Нинџа – 8 години

Абдулфета Алими – 7 години

Според барателите на помилувањето кои испратиле барање до претседателот Ѓорге Иванов, со помилувањето би се елиминирала неправдата и селективниот пристап сторен со Законот за амнестија, кога од вина беа ослободени дел од обвинетите.

Но, прашање е дали претседателот Ѓорге Иванов ќе се издигне над уцените на владејачката СДСМ и Антикорупциската комисија и во име на највисокиот орган во државата – Претседател на Република Македонија, ќе ги спроведе до крај своите обврски или ќе се предаде и ќе дозволи толку многу луѓе да гнијат по затворите. Ќе стави ли крај на партизираното судство и политичкиот прогон на обвинетите или осудените во случаите на СЈО, но и на ОЈО.

Му останува точно еден ден за да ја спроведе постапката за помилување. В недела Иванов ќе му ја предаде функцијата на својот наследник Стево Пендаровски и со тоа завршува и неговиот мандат.

Согласно Законот, ингеренциите на Иванов не се менуваат пред истекот на мандатот, така што тој сѐ уште има можност да ги помилува осудените со енормно високи казни, да ги аболицира обвинетите поранешни градоначалници, ексфункционери на кои им се става на товар 27 април и сите жртви на политичкиот прогон на СДСМ и, како што ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува, „Рускоска-обвинителството“ и „Кацарска-судството“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.