Поради погубните политики на Владата и Зоран Заев, македонските граѓаните веќе неколку седмици се разлеани на улиците низ Република Македонија. Граѓаните децидно му рекоа огромно НЕ на Зоран Заев за распродажбата на националниот идентитет, која Зоран Заев недвосмислено сакаше да ја реализира.

Притисокот од страна на граѓаните е голем поради тоа што Зоран Заев изминатите неколку години перманентно покажуваше афинитети да се додворува кај јужниот и источниот сосед, се со цел да го промени уставното име на државата, за потоа да посегне по идентитетот и историјата на Република Македонија и со тоа државата да добие нов облик, кој не е реалност.

Зоран Заев овојпат наиде на ѕид од граѓаните кои нема да дозволат да бидат засрамени, понижени и омаловажени поради неговите болни желби за изобличување на Република Македонија, се со цел зачувување на неговата фотеља и додворување на неколкуте политичари од регионот кои најверојатно му го штитат грбот, но не за долго.

Моменталното запирање на процесот на распродажбата е резултат на храброста на граѓаните на Република Македонија, кои без оглед на нивната етничка или партиска припадност, излегоа на улиците и покрај тоа што не дозволија да се продолжи со растурањето на земјата, побараа и оставка од Зоран Заев кој се поверојатно е дека наскоро ќе ја поднесе.

Зоран Заев е човекот кој неколку години наназад ја понижува интелегенцијата на народот и со паушални изјави и пи ар методи пробува да ги изманипулира дека во Македонија се е сјајно, односно дека сме економски лидер, дека поседуваме сигурно и стабилно здравство, дека дишеме алпски воздух, дека идентитетот не е предмет на разговорите итн, што се покажа дека не е вистина, односно дека се е голема фарса и лага.

Затоа, граѓаните на Република Македонија мора да бидат истрајни во борбата со ова зло, на кое се поизвесно е дека му доаѓа крајот, а потоа за секоја неправда нанесена на македонскиот народ и на Република Македонија, мора да следи одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.