На 20 ноември 2018 година во управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи во Скопје влегува Сенар Елтер, турски државјанин, пополнува барање, го фотографираат, му земаат отпечаток од прстот и станува македонски државјанин со украден идентитет на Нијази Тола.
На 22 ноември 2018 година Елтер, како Нијази Тола излегува од Македонија, иако по него имало распишана меѓународна потерница уште од 2015 година од Интерпол Анкара. На 26 февруари годинава МВР го открива неговиот идентитет, дознава „МКД.мк.
Сенар Елтер е припадник на Унијата на заедниците на Курдистан, движење на Абдула Оџалан, кој во Турција е осуден на 7 години и 6 месеци затвор за членство во терористичка организација и по него од 2015 година има меѓународна потерница.
Елтер стана познат за време на судењето на 16 курдски политичари во турскиот град Ван во 2012 година, кога советници и градоначалникот Бекир Каја, беа осудени за членство во терористичка организација за исполнување на целите на движењето на Абдула Оџалан.
Откако во 2013 година беше пуштен од притвор, во 2013 година Елтер изјавува дека сега е важно да се ослободат и другите затвореници и пријатели на Абдула Оџалан.
Од 2009 година партијата на Реџеп Таип Ердоган ја смета курдската партија како главен непријател на Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.