МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ:
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ
ПОЧИТУВАЈЌИ ја одлуката на референдумот од 8 септември 1991 година за „суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки, која по Устав е задолжителна за сите без исклучок, ПОТВРДУВАЈЌИ ги резултатите од референдумот од 30 септември 2018 година дека не е донесена одлуката за „членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, ПОАЃАЈЌИ од основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи, ЗНАЕЈЌИ дека и покрај сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател, со Македонија нѐ има, без Македонија ќе не снема, а ПОВЕДЕНИ од „Рамковната позиција за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија“ усвоена од бугарската Влада на 9 октомври 2019 година и потврдена со Парламентарна декларација на 10
октомври 2019 година, деновиве јасно дефинирана и со „Објаснувачкиот Меморандум“ на Софија до земјите членки на Европската Унија со ултимативни услови кои македонската влада мора да ги прифати, под закани од бугарско вето за одржување на првата Меѓувладина конференција на Европската Унија со Македонија како почеток на пристапните преговори за македонско членство во овој сојуз на држави, МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ од Собранието на Република Македонија бара да ја донесе следната ДЕКЛАРАЦИЈА
Македонското име, јазик, култура и историја се неотуѓиво, нераскинливо и неотстапно веќе апсолвирано универзално право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ за суверена и самостојна држава Македонија, кои не може и не смее да бидат дел од преговарачката рамка и преговарачкиот процес за членство на државата Македонија во Европската Унија, ниту предмет на какви било други разговори и преговори или меѓународни договори со кого било!
Ова е македонската црвена линија од која не смее да се отстапи ниту еден македонски политичар!
Местото на државата Македонија е во Европската Унија, но не понижена и идентитетски обезличена, туку достоинствена и рамноправна членка на европското семејство на народите и државите!
ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!
Идентитетот – Македонското име, јазик, култура и историја немаат цена!
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е:
Сведоци сме дека еден подолг временски период, врвните македонски политичари во своите јавни настапи и писмени обраќања се плашат да го изговорат македонското име, јазик, култура и историја. Ова е јасен сигнал дека тие се под страотен притисок, веројатно и под уцени и закани од соседството, но и од нивните моќни западни сојузници, кои ни испорачуваат геноцидни и
фашизоидни барања.
Покрај уставните измени на државното име кое доби географска одредница, сега од нас бараат да си ги избришеме македонскиот јазик, култура и историја. Се врши ревизија на историјата на Македонскиот народ и на Македонија, се „пишува“ нова политичка историја на Македонскиот народ и на Македонија. И Бугарија и Грција се обидуваат, Македонија од држава да стане територија без народ и историја чии администратори се Атина и Софија. Нема сомнение дека со своето однесување македонските политичари нѐ подготвуваат за нови уставни промени и бришење на сѐ што е македонско во државата Македонија. Претходно ја забранија институционалната употреба на придавката македонски/а/о од именката Македонија, ја променија националноста на македонските државјани! Ова мора да се спречи!
Македонското име, јазик, култура и историја се неотуѓиво, нераскинливо и неотстапно веќе апсолвирано универзално право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ за суверена и самостојна држава Македонија, загарантирани со највисоките меѓународни правни акти: Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации, Универзалната
декларација за човекови права, Виенската коинвенција за договорно право…
Овие норми се од императивен карактер! Секоја нивна повреда има за последица ништавност и непроизведување правно дејство! Затоа Македонското име, јазик, култура, историја и држава не може да бидат дел од преговарачкиот процес за влез во Европската Унија, ниту на меѓународен
договор. Нема сомнение дека местото на Македонија и е во Европската Унија, но не понижена и обезличена. Идентитет и јазикот немаат цена.
Македонското име, јазик, култура, историја и државност се неотуѓиво, нераскинливо и неотстапно веќе апсолвирано универзално право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ за суверена и самостојна држава Македонија, кои не може и не смее да бидат дел од преговарачката рамка и преговарачкиот процес за членство на државата
Македонија во Европската Унија, ниту предмет на какви било други разговори и преговори или меѓународни договори со кого било!
Македонското име, јазик, култура, историја и државност како неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од македонскиот идентитет се природни, исконски, свети и библиски. Не се добиени со Устав или со закон, ниту со некаков декрет, туку се наследени од нашите древни претци чија крв и коски на милиони се положени во темелите на Македонската државност за слободата на Македонскиот народ, на државата Македонија! Потврдени се на Референдумот од 8 септември 1991 год со 96% гласови од апсолутното мнозинство излезени гласачи. Оваа одлука до денес не е променета со нов референдум по истото прашање!
Со овие нецивилизациски барања Софија нѐ наведува на самобришење и идентитетски геноцид. Наместо тоа и наместо долгите исцрпувачки и понижувачки разговори и преговори со соседите и Европската Унија, Македонски манифест предлага меѓусоседските односи да се решат на
едноставен и цивилизиран начин со директна примена на одредбите од меѓународното право, со прифаќање на нашето право на самоопределување и самоидентификација!
Прифаќањето на предложената декларација нема да загрози никого во регионот и пошироко. Напротив, отфрлањето на оваа Декларација ќе ја доведе Македонија и Македонците во нерамноправна положба во однос на другите држави и народи, ќе значи флагрантно кршење на основните човекови права и брутално газење по меѓународното право! Тоа ќе создаде услови за воскреснување на сенките од времето на Балканските војни 1912-1913 година и Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, до нова балканска катастрофа, а можеби и пошироко…
За да се спречат вакви црни сценарија, ги повикуваме сите кои ѝ посакуваат мир и благосостојба на оваа напатена земја, сите парламентарни и вон парламентарни политички партии, МАНУ, Институтот за национална историја, Институтот за Македонски јазик, невладините организации,
здруженијата на граѓани, како и сите граѓани без оглед на етничката, верската и политичката припадност, да ја поддржат оваа декларација со цивилизациски предзнак која не загрозува никого! Се разбира, ги повикуваме да ни се придружат со своја поддршка и Македонците во соседните земји на Репулика Македонија и Македонците во светот!
МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ
Ефтим Клетников – поет
Агатангел – Митрополит Повардарски † Дардан Венетски – правник
Стојан Стојков – композитор
Фимка Клетникова – поетеса
д-р Слободан Пренџов – универзитетски професор д-р Цветан Гавровски – универзитетски професор Запро Запров – диригент
Александар Русјаков – писател
Сотир Костов – правник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.