Здружението за одбрана на македонизмот, македонското Име и постоење меѓу народите, „Македонски манифест“ испрати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин.

Писмото го пренесуваме во целост.

Почитуван Владимир Путин, претседател на Руската Федерација; Добар ден. Сакаме нашево писмо во пресрет на 22-та година од ова травматично столетие на третиот милениум по Христа да ве затекне во добро здравје и расположение. Во добро затоа што знаеме колку многу сте натоварени со грижи и несоници за својата Родина, која денес е без причина сатанизирана од западната колонијалистичка цивилизација. Таа, како што добро знаете, почна уште веднаш по Втората светска војна, во која рускиот народ пред да го забие советското знаме на Рајхстагот во Берлин даде 27 милиони драгоцени жртви, факт што некој арогантно го игнорира.

Почитуван претседателе Владимир Путин, вие сте челник на голема и силна земја, која има моќ да се брани и одбрани од секаков непријател. Покрај другото гарант на тоа е и храброто срце на рускиот народ бескрајно вљубен во својата Родина. Но со нас Македонците не е така. Ние, некогаш големи, сега сме како синапово зрно мал народ, „столчено племе“, како што вели нашиот поет Блаже Конески. Такви, ние не можеме реално да се браниме и доодбраниме од моќната евроатланска машинерија, која има мирис на модерен фашизам. Имено, како што знаете таа воено-профитерска машинерија, благодарение и на нашата квислиншка влада што ја постави за таа цел, нѐ ликвидира идентитетски преименувајќи нѐ. Со други зборови, изврши врз Македонците идентитетски геноцид, смрт која според антрополозите е најстрашната од сите видови смрт. Начин за да се пресечат жиците на струјата низ која до срцето и свеста на еден народ дотекува меморијата на генезата, на генеричкиот идентитет. Тоа е всушност новиот софистициран либерален неофашизам на колонијалистичкиот Запад.

Вие тоа добро го знаете почитуван Владимире Путин. Знаете дека една од целите на тој макијавелистички проект е и намерата со ликвидација на меморијата на Македонците да се ликвидира и нивната генеричка свест за братство со словенството, и посебно со Русија и Русите, на нивната љубов кон нив. Да ја укинат нивната цврста генеричка поврзаност по основ на срцето, јазикот и писменоста, како и на христијанството и христинијазирањето на Русија од Охридската архиепископија, за што имаат пишувано еминентни руски, македонски и други слависти. Знаеме во тој важен контекс, на пример, и дека првите руски христијански мартири и светци Глеб и Борис, заштитници на руското небо, по мајка се Македонци. А има ли подобар знак за крвната родствена врска меѓу Македонците и Русите?

Почитуван претседателе Владимир Путин, постојат уште многу архетипски знаци за македонско-руското родствено пријателство, за нивната сијамска близначка врска. Нашите заеднички непријатели добро го знаат тоа и, имено, токму затоа сакаат да создаваат преку валкана пропаганда длабок шизофреничен јаз меѓу Македонците и Русите, кои се всушност фиданки на иста генеза, генеричка душа и мемориска светст. На тоа работат и секаквите таканаречените квислиншки „невладини“ организации кај нас, специјално формирани за таа цел од демонот на модерната цивилизација Сорос и од американскиот УСАИД.

Да. Тоа е реалната ситуација во Македонија, почитуван претседателе Путин. Но она што сакаме да ви го кажеме ние од Македонски манифест, пишувајќи ви по втор пат, е дека оваа антируска кампања кај Македонците однапред е осудена на неуспех. Премногу се длабоки корењата на родсвеното Дрво на животот што ги спојува срцата на Македонците и Русите за да бидат уништени тие. Оттука, исклучена е секоја можност дека Македонците во еден евентуален судар меѓу северноатланската НАТО алијанса и Русија Македонците ќе војуваат против братска Русија. Не. Тоа е невозможно, оти тоа би бил најсрамниот и најголем историски парадокс. А тоа нема да се случи.

Ете. Не сакаме, иако има уште многу нешта да споделиме со Вас, да биде предолго нашево писмо кон Вас, претседателе Владимир Путин. Сакаме само на крајот од него уште еднаш да ви посакаме во пресрет на Новата 2022 крепко здравје и ведрина лично на Вас, Вашето семејство и на братскиот руски народ цврсто збратимен со срцето на македонскиот народ.
Со длабока и искрена почит,
Македонски манифест

За Македонски манифест:

Ефтим Клетников – поет

Агатангел – Митрополит повардарски

Проф. Стојан Стојков – композитор

Проф. Запро Запров – диригент

Проф. д-р Цветан Гавровски – универзитетски професор

Проф. д-р Слободан Пренџов – универзитетски професор

Проф. д-р Наташа Котлар – историчар

Ристо Никовски – амбасадор

Фима Клетникова – поетеса

Дардан Венетски – правник

Сотир Костов – правник

Александар Русјаков – писател

Проф. д-р Нестор Огинар – универзитетски професор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.