Македонската транспортна компанија „Емша Шпед“ од Неготино треба да плати сметка од 14.000 евра поради тоа што нивен камион се излизгал на автопат во Словенија. Коловозот бил неисчистен по што камионот го блокирал сообраќајот цели 6 часа, објави словенечкиот портал „сиол.нет“
Компанијата „Жонта“, ангажирана од словенечката државна компанија задолжена за одржување на автопатите ДАРС, испратила фактура на неготинската компанија „Емша Шпед“, за седум часа влечење на камионот со специјално возило, пет часа работа со кран, транспорт на оштетени делови, лежарина, паркинг и слично.
Неготинската компанија ангажирала компанија од Целје да ги застапува, која смета дека „Жонта“ неправедно прикажала толку големи трошоци, а испратила писмо и до македонската амбасада во Љубљана.
Од „Жонта“ за „Сиол“ изјавиле дека во тек се разговори преку адвокатите на македонската транспортна компанија за намалување на сумата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.