Европската унија е во процес на потпишување на договор со земјите од Западен Балкан за Фронтекс, односно за интегрирано гранично управување, една од стратешките точки во борбата против “нелегалната миграција” на ЕУ, бидејќи земјите од регионот се наоѓаат на клучната „балканска рута”.
Во последните две години, ЕУ ваков договор потпиша со Албанија, Црна Гора и со Србија.
Со Македонија договорот за Фронтекс е инициран во јули 2018, но до денешен ден останува непотпишан само поради Бугарија.
МИА упати прашање до Европската комисија за причините поради кои сѐ уште не е потпишан договорот, откаде е добиен следниот одговор:
„Референцата ,македонски јазик’ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, а за други детали обратете се директно кај националните власти“, стои во писмениот одговор од Европската комисија.
Од Комисијата не беа во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.