Долгогодишна желба на чичко Симе, Дедо Живе и Цане, пред неколку дена се остварила. Тие го овековечија сонцето од Кутлеш на камен, со пораката „Македонија вечна“. Сонцето е направено на Бушева планина во Крушево, на местото викано Шештар.

Чичко Симе речиси макотрпно малку по малку пешки го носел материјалот на планината каде е направено ова ремек дело. При изработката се потрошени околу 30 литри боја, сите материјали се носени во ранец на рамо по тешки планински предел.

Во изработката учествуваа четири членови на здружението ”Македонска Преродба”. Целиот процес траеше вкупно 21 работен ден.

Инаку чичко Симе редовно може да се забележи како пешачи на Водно, а со години макотрпно ја пошумува планината и до сега има насадено над стотици и стотици дрвца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.