Македонски дипломати ќе се вакцинираат против Ковид-19 на 8 мај во Врање, како резултат на соработка на Македонскиот дипломатски синдикат и Синдикатот на Министерство за надворешни работи на Србија, информираат за МКД.мк од Македонскиот синдикат. Поддршката од колегите во Белград доаѓа по иницијатива на македонскиот синдикат за воспоставување синдикална соработка со струковите синдикални организации од дипломатиите во регионот.

Преку вакцинација и ревакцинација во Србија, македонските дипломати и дипломатски службеници ќе го решат проблемот со нивна имунизација, откако оваа категорија на граѓани, кои имаат бројни контакти како во земјава, така и во странство, не се најдоа на приоритетните листи на здравствените власти.

МКД.мк минатиот месец објави дека во македонското МНР корона вирусот е длабоко навлезен и дека и покрај ротациите на вработените, речиси половината од нив или се заразиле, биле или се во изолација, што според синдикатот, се должи како на бројните контакти дома и во странство, што го налага службата, така и заради лошата организација на работата и неприменувањето на онлајн-работа таму каде што е тоа можно.

Синдикатот за овој проблем расправал на крајот од март во насока дека ако нема слух од МНР и македонските власти, помош да се побара во странство.

Целиот текст на следниот МКД.мк.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.