Мисијата на Македонија при ЕУ и македонската Амбасада во Белгија, кои се наоѓаат во истата зграда, го спуштија знамето на половина копје во знак на сочувство со жртвите од автобуската несреќа.

Од Мисијата на Македонија при ЕУ преку Твитер изразија сочувство до жртвите.

Нема зборови да се изрази колку сме растажени од ужасната вест за трагичната несреќа што се случи ноќеска во Бугарија. Наше искрено сочувство до семејствата на жртвите. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените – пишуваат македонските дипломати во Белгија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.