Македонската дијаспора од Франција и Обединета Македонска Дијаспора со писмена нота по повод новиот бугарски меморандум со кој повторно се блокираат преговорите за влез на Македонија во Европската Унија.

Тие бараат да се почитуваат човековите права, за да не дозволите една земја-членка на Европската Унија да ја презира и понижува една земја која стреми кон европската кандидатура.

Франција, блиско поврзана со македонската култура, но нејзина должност е да се присети во своите архивни фондови кои ги поседува во От Савоа (Haute-Savoie),поседувајќи голем број на рецензии и весници кои датираат од 1920-тите години.

 

Источниот фронт неодамна беше одбележан по повод сто годишнината од нацистичкиот угнетувач во одбраната на слободата. Тој ќе остане врежан во нашите спомени, исто како и имињата на многуте Француски војници од француските колонии.

 

Низ историјата, нашите предци служеле во армиите: Србите заедно со Французите, Бугарите и Османлиите како јаничар. Дел од евреите биле депортирани во Централна и Источна Европа. Други сираци и лица без државјанство за време на грчката комунистичка револуција беа расфрлани низ земјите членки на Варшавскиот пакт.

 

Да се остави земја членка да каже такви невистини за земја кандидат, не е достојна за Европа. Како се гради Европската Унија? Врз основа на митови?

 

Негирањето на културата, јазикот, поезијата, театарот, името, историјата на една земја не е толерантно !

 

Треба ли да потсетиме на извештаите на францускиот новинар Алберт Лондрес ( Albert Londres) за Комитите? Или дописите на доживеаната авантура на Американката г-ѓа Хелен Стоун (Mrs Helene Stone).

 

Неодамнешните историски барања, бранот на бугаризација на малцинствата кои зборуваат турски и монетизацијата на бугарското државјанство од страна на голем број Македонци не оставаат без зборови.

 

Како Француски Европски Американски и останати државјани со македонско потекло, ја повикуваме вашата арбитража и вашата медијација да ставите крај на сите уцени од страна на Бугарските политички елити.

Ветото во пристапниот процес за различна историја не е достојно на една земја-членка на ЕУ.

 

Ние, Европски, Француски Американски и останати државјани со македонско потекло ви стоиме на располагање да се сретнеме со вас, да ви ја пренесеме оваа медијација / арбитража и да ви ги објасниме нашите мотивации и поплаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.