На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Свеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.
Како што најавија од Генералштабот на Армијата, обраќање ќе имаат Врховниот командант на Армијата, претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
На свеченоста од страна на претседателот Пендаровски со Орден за воени заслуги ќе се одликуваат баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка во одбраната на САД.
Свеченоста ќе биде пренесувана во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на фејсбук-страниците на шефот на државата, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.