Првиот пратеник од македонското Собрание заболен од коронавирусот е пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска. Таа од саботата е хоспитализирана во инфективното одделение во прилепската општа болница со средна клиничка слика.
Вели дека не знае од каде ја добила болеста затоа што не патувала, а повеќе од месец дена постојано седела дома и избегнувала контакт со други лица.
Првите симптоми ги почувствува уште пред повеќе од две недели, по што се ставив во изолација. Но, и по 14 дена состојбата не се подобруваше, па во саботата бев хоспитализирана, по што бев тестирана. Тестот беше позитивен. Не знам, ниту пак можам да претпоставам од каде и кога сум се заразила, вели таа во телефонскиот разговор за „Алфа“.
Денеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66-годишен прилепчанец, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во Прилеп. Бројот на новозаразени денеска е 10, со што вкупниот број на прилепчани со Ковид-19 во градот под Марковите Кули е 85.
Прилеп е и првиот град во Македонија каде армијата од вчера излезе на улиците и прави ред да нема турканици и гужви пред сите поголеми маркети во градот и експозитурите на банките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.