За да ѝ ја искаже својата благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија, Македонска пошта со серија поштенски марки „Македонија во ЕУ“ го одбележува 9 Мај, Денот на Европа. Ама во случајов, со марка за Хрватска, со сосема погрешна карта – карта на „голема Хрватска“.
Дизајнерот на марката, уредниците, директорите очигледно по сеќавање од НДХ време (Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна), ја скицирале мапата на денешна Хрватска.
А тоа, според нашата Пошта, значи дека земјата членка на ЕУ, Хрватска, денеска ги опфаќа и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.
Граѓаните со реакции и на социјалните мрежи:
😳Чееекк чееек чеек
🤦🏻♂️Ја утнале денешната карта на Хрватска и на поштенскава маркица ја ставиле картата на НДХ на Анте Павелиќ од II светска војна?
🎙Добро со што дрога се бодат ова северџаниве?
🤣Имате ли основно алооо? pic.twitter.com/S46Q05QGID— ⭐️Диме⭐️ (@2Lapev) May 8, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.