Македонија гори. Бројни активни пожари беснеат на неколку жаришта низ земјава. Додека Македонија гори, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување си „кулира“ на кафица.
Командирот на противпожарната единица во Скопје, Љубомир Кочовски, пак, одговорно тврди дека сите пожари се подметнати.
И додека Заев уште еднаш ја докажува својата неспособност да се справи со вистинските проблеми, локалните шерифи ја земаат власта во свои раце.
Револтиран од состојбата во која се наоѓа земјата, на „Фејсбук“ се огласи и актерот Тони Михајловски.
Македонијо, мајко. Ти гориш, ние пееме, ти плачеш, ние се смееме. Ти умираш, ние планираме да живееме. Те избришавме, за ние да се запишеме. Предадена од своите деца, и оставена во дом за заборавени и забранети нешта. Жално, жална мајко Македонијо, пишува Михајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.