Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари средба со членовите на Државната изборна комисија.

Република Македонија заслужува фер и демократски избори, а за доброто на граѓаните наша обврска е да го направиме тоа.

Денес, заедно со останатите колеги од Владата одржавме работна средба со членовите на Државната изборна комисија.

На средбата уште еднаш потенцирав дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите активности во насока на организирање на мирни, фер и демократски избори.

Јас како министер за внатрешни работи правам максимални заложби и давам безрезервна поддршка за остварување на оваа значајна цел, напиша министерот на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.