Спогодбата за стабилизација и асоцијација (САА) со ЕУ, потпишана во 2001 година, ја поставува рамката за односите на Македонија со Унијата и вклучува политички, економски и технички дијалози. Во текот на извештајниот период експертите се состанале во седум Поткомитети и една Специјална група. Комитетот за стабилизација и асоцијација, пак, се одржа во јуни 2021 година со фокус на разговорите на одлуката за отворање на пристапните преговори и постигнатиот напредок во унапредувањето на реформите, особено во областите на основите и зајакнувањето на добрососедските односи, нотира најновиот Извештај на ЕК за земјава.
Извештајот, објавен минатата недела во Стразбур, го посочува и фактот дека Македонија е земја кандидат од 2005 година, со последователни препораки од Европската комисија за отворање на пристапните преговори од 2009 година.
Во делот на визната либерализација, се наведува дека укинувањето на визите за граѓаните на Македонија кои патуваат во Шенген зоната е во сила од декември 2009 година, а Договорот за реадмисија е во сила од 2008 година. Во Четвртиот извештај на Комисијата од август 2020 година според механизмот за суспензија на визите се заклучува дека Македонија продолжува да ги исполнува одредниците за визна либерализација.
Во извештајот се посочува дека Македонија продолжила да ја зголемува својата усогласеност со позициите и декларациите на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и активно учествува во мисиите и операциите на Унијата за управување со кризи во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.