Заблагодарувајќи се на Кондрад Аденауер Фондацијата за, како што рече, поддршката што сите овие години ја дава на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна говорот на семинарот во организација на Фондацијата и неговата партија.

Според него Фондацијата има значајна улога за иднината на нашата Македонија и за иднината на народот во нашата држава затоа што навистина голем број обуки, голем број тренинзи изминатиов период, изминативе години биле заслуга на господата од Кондрад Аденауер Фондацијата.

-Голем број на трансфер на знаења се има случено изминативе години, голем број млади политичари кои што понатаму обавуваа големи и сериозни функции во државата беа школувани од страна на Кондрад Аденауер Фондацијата, обезбедена беше стидендија за нивно школување во Сојузна Република Германија. И не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и Македонија треба да е благодарна за сето она кое што го прави Кондрад Аденауер Фондацијата овдека кај нас. Како резултат на нашата соработка е и оваа денешна работилница која што ќе продолжи овој викенд, ќе разговараме за иднината, перспективата во економијата, потоа ова кое што го кажа и господинот Даниел Браун ќе ги слушнеме искуствата од млад поличар кој доаѓа од областа Турингија каде што јас поминав еден дел од своето образование во градот Илменау, госпоѓата која што ќе говори доаѓа од Ерфурт, главниот град на покраината Турингија, ќе зборува за дигитализацијата, ќе зборува за животната средина. Така што ценам дека ќе биде значаен настан и за пратениците и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а од овој настан ќе можеме да ги слушнеме практично и размислувањата на неколку колеги којшто доаѓаат од германискиот бундестаг кој што ќе можат да ги споделат со своите колеги од македонското собрание. Така што да сумирам благодарност уште еднаш до Кондрад Аденауер, до Даниел посебно за сето она кое што го прави овдека за ВМРО-ДПМНЕ и за нашата татковина, остануваме заедно, остануваме и во иднина и понатаму и се надевам дека наскоро ќе можеме да организираме повеќе вакви настани на повеќе различни теми – додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.