Оливер Спасовски на денешната свечена седница на која се ратификува протоколот за членство во НАТО рече дека денеска е историски ден, бидејќи Македонија станува дел од безбедносниот штит на најважниот воен сојуз во светот.

Историјата се пишува со храбри одлуки и компромиси прифатливи од сите страни. Кога сите мислеа дека нема излез ние се вративме на вистинскиот пат, во реалноста кон аспирациите да го реализираме членството во НАТО. На овој свечен чин должни сме да му дадеме признание на мојот претходник Зоран Заев кој за две и пол години презеде иницијативи кои го овозможија овој настан да стане реалност а тоа ратификација на договорот за членство во НАТО, рече Спасовски.

Во својот говор Спасовски рече дека пратениците во овој парламент донесоа тешки одлуки.

Не беше лесно да се помине низ процес за промена на името на државата а да ги задржиме нашите идентитетски прашања. Со договорите со Грција и Бугарија ги отворивме страниците на пријателство, го урнавме ѕидот кој не делеше и изградивме пријателство меѓу двата народи. Грција беше првата земја членка на НАТО која го ратификуваше договорот за нашето членство на НАТО, рече техничкиот премиер.

Големите визии можат да се реализираат само преку акција научивме дека треба да учиме од историјата, а не да повторуваме. Спасовски посочи дека на 27 април државата се соочила со најбрутална закана врз демократијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.