Со СДСМ и Зоран Заев Македонија стана балкански Вухан. За 12 дена бројот на заразени од Ковид-19 е зголемен за повеќе од 50%, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Зоран Заев им нареди на Комисијата за заразни болести и Венко Филипче да бидат политичари, а не лекари бројот на заболени секој ден е над 150. Зоран Заев не ги послуша нашите совети, ниту советите на експертите, па мерките му се целосно задоцнети, а последиците ги живееме сите. СДСМ прво се стави себе, па на крај граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека додека Македонија тоне во пандемија, Заев наместо да мисли како првин да се спласне пандемијата и да се заштитат граѓаните и економијата мисли на себе.

Илјадници семејства се со намалени примања. Економијата тоне. Извозот е намален, а Заев нема план како понатаму. Со СДСМ само тонеме. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија, се вели во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.