Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев имаше обраќање пред парламентарците на парламентарното собрание на ОБСЕ за време на зимската сесија во Виена, како и посебно обраќање пред пратениците од групата на ЕНП.

Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на ситуацијата во Република Македонија, кршењето на правото, деградираната правна држава и политичките прогони кои власта секојдневно ги прави.

Ѓорчев пред парламентарците на ЕНП во ОБСЕ го презентираше и најновиот пример на насилие од страна на власта, односно претепувањето на Јанакиески и Ристовски во притвор, како и апсурдните обвинувања за “тероризам” кон поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски.

Toj истакна дека е недозволиво во една демократска држава притворените граѓани да не се чувствуваат безбедни и властите да не ја гарантираат нивната безбедност. Овие оценки на Ѓорчев беа повторени во повеќе дискусии од пратениците во ЕНП групата, која што подоцна се огласи со соопштение.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ  зборуваше за невиденото иселување од Македонија, растечкиот криминал, но и за непотизмот кој се шири како епидемија во секоја пора на македонското општество.

Беше констатирано дека Република Македонија треба да се погрижи за воспоставување на принципот на владеење на правото, како и да се обезбедат независни институции.

На крајот, Ѓорчев побара ОБСЕ и ЕНП силно да се вклучат во мониторингот на претседателските избори, затоа што власта на СДСМ докажа дека нема волја, ниту капацитет да организира фер и демократски избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.