Македонија се придружува кон борбените групи на Европската Унија, соопштија денеска владините портпароли на прес-конференција.
На онлајн средбата со новинарите, портпаролите Арсовски и Хоца соопштија дека на синоќешната седница била усвоена информација за учество на Македонија во борбените групи на ЕУ, кои се дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата.
Со тоа, нашата земја се приклучува со една единица на мултинационалната единица ХЕЛБРОК БГ, предводена од Грција, а во која во своите вооружени сили учествуваат и Бугарија, Романија, Кипар, Србија и Украина – изјавија портпаролите Душко Арсовски и Мухамед Хоџа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.