Со последните шест пациенти починати во последните 24 часа, во Македонија од почетокот на пандемијата поради компликации предизвикани од Ковид-19 починале вкупно 749 лица.

Со бројка од 18.363 заразени лица од почетокот на пандемијата, смртноста во Македонија изнесува над 4 отсто.

Споредено со останатите земји од регионот, пресметувајќи ја смртноста на милион жители, Македонија го носи црниот рекорд. Со повеќе од 350 лица на милион жители, Македонија е далеку пред земјите од регионот. Само Босна и Херцеговина го надминаа бројот 250 починати, додека сите останати земји се под линијата на 150 починати лица на милион жители.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.