„Јас не сум на платен список на Буџет на Република Македонија. Јас не сум одговорен човек за здравствената ксостојба каква ни е, за економската. Ние говориме денес за период, кога Заев вели дека право и правдина ќе има но Македонија се наоѓа на 111-то место по корупција“,истакна Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во емисијата „Само вистина“.

Пандов посочи дека Македонија со Заев денес е држава во која што околу 215 белосветски криминалци дошле тука и добиле македонски пасош.

„Ние имаме држава сега во која што 61 компанија имаат добиено лиценци за произведување на марихуана. Само пет, а тоа е дозволено имаат дозвола и за масло од марихуана да прават. Ние пред два дена, три дена, официјални информации се тоа дека ДЕА, американската агенција за наркотици лично била завземена за да бидат фатени оние 200 килограми марихуана. И дека тоа комбе било на фирма партнерска на братучедите на Зоран Заев и Вице Заев тоа се Трајче и Бобан Заеви.“, рече Пандов.

Пандов додаде дека во случајот со марихуана се вмешани и полициски службеници, комадир на полициска станица на Прилеп, тоа не е мала работа. А, Љупчо Николовски за ниту еден скандал не се произнесе, тој молчи.

„Љупчо Николовски освен што го фати путерот никаде го нема. Мене сега ме тужи затоа што сум ги нарекувал хоштаплери и шарлатани“, појасни Пандов.

Пандов рече дека никој за овие скандали кои се случуваат изминативе денови никој нема да одговара.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.