Владата донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, напиша техничкиот премиер на Владата, Оливер Спасовски.
Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР, пишува Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.