Под мотото „Нови можности“ и под слоганот „Дом на секој чекор“ оваа година Македонија со сопствен павилјон ќе биде претставена на Дубаи ЕКСПО.
Пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото културно наследство и етничката разновидност – објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Тој додава дека Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22 февруари 2022, кога ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности.
Придобивките од учеството на Дубаи ЕКСПО 2020 се повеќедимензионални: подигнување на видливоста на Македонија во светски рамки; креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот; привлекување странски инвестиции, олеснување на пристапот до профиталбилни светски пазари – вели Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.