Mинистер за одбрана на Кина, генерал Веи Фенгхе, кој денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, ќе оствари средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

За време на посетата, освен посетата на македонското министерство за одбрана, се очекува кинескиот министер да информира за процесот за набавка на кинеските вакцини.

Такво нешто минатата недела најави премиерот Зоран Заев, кој најавувавјќи ја посетата на кинескиот министер, изјави дека тој „најверојатно ќе даде и попрецизна информација кога ќе пристигнат кинеските вакцини“.

Додека не потврдат одлука од „Фајзер“, „Спутник“ или „Синофарм“ дека вакцините се товарени, ние не можеме точно да кажеме кога ќе стигнат. Она што го знаеме, е дека кон крај на март ќе стигнат првите количини од Ковакс механизмот и верувам дека тогаш ќе бидеме подготвени за масовната вакцинација. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од „Спутник“ кои се користат за здравствените работници. Покрај здравствените домови и здравствените установи каде може да се врши имунизација, се подготвуваат и дополнителни објекти со цел побрзо да се спроведе масовната имунизација на населението – изјави Заев по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.