Сето ова што се случува  е неправда, а ние можеме таа неправда да ја победиме со правда. Но, за да дојде таа правда нас ни е потребна победа на претседателските избори, победа за Гордана Силјановска. Знам и секаде тоа го зборувам бидејќи поминав илјадини километри во Македонија, разговарав со илјадници граѓани од различни етникуми, секаде владее огромна разочараност од лагите и неиполнетите ветувања, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Центар.

Тој ветува дека луѓето повеќе нема да гледаат насмеани политичари кои газат по црвени килими, туку политичари кои ќе работат заедно со граѓаните.

Мораме нешто да направиме за таа реалност за да ја промениме. Македонија нема време за нов Зоран Заев. Во име на тоа, ветувам дека нема повеќе да гледате насмеани политичари кои газат црвени теписи, туку политичари кои ќе работат рамо до рамо со граѓаните, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.