Од делегацијата на Европската Унија во Македонија велат дека ЕУ обезбедила одржлива помош за земјава во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата.
Во врска со Фондот за солидарност на ЕУ, според нашите сознанија Македонија не ги исполни поставените критериуми во моментот на аплицирање – велат од делегацијата на ЕУ.
Од Делегацијата на ЕУ го наведуваат ова во одговор на прашање на МИА во врска со објавата дека Македонија не е меѓу земјите, кои ќе добијат средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ.
ЕУ обезбеди одржлива помош за Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата. Конкретно обезбеди 226 милиони евра за покривање на медицински материјали и опрема, за поддршка на ранливите групи, бизнисите и невработените, како и за микрофинансиска помош – наведуваат од ЕУ делегацијата за МИА.
Оттаму потсетуваат дека неодамна се обезбедени и 70 милиони евра за набавка на вакцини и поврзана опрема за регионот на Западен Балкан.
Ова доаѓа како дополнување кон Економскиот и инвестицискиот план дизајниран за поддршка на долгорочното закрепнување на економиите на земјите од Западен Балкан во вредност од девет милијарди евра – додаваат од ЕУ делегацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.