Покрај невидливиот цензор на медиуми чии корени одат директно на Бихаќка, се доби уште еден јавен, па така ако некој министер или новинар во присуство на Заев го употреби името Република Македонија, ризикува да биде веднаш цензуриран и поправен кажувајќи го името што сам си го договори и го потпишаа во Нивици, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 18-тата Годишна конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, која вчера се одржа во Македонска опера и балет.

Мисли така ќе влијае во колективната свест дека мора да се смени името чии корени се векови, милениуми стари, па така и срамот кој и го приреди на државата ќе биде помал. Каков аматеризам и потценување. Хартијата трпи се, и промената на оние метални букви надвиснати на фасадата на зградата на владата нема да ја променат вистината, нашето име и идентитет е колективно врежано во нашето минато. Нашиот идентитет се нашите прадедовци и дедовци, тоа живее помеѓу нашите синови и ќерки, рече Мицкоски и додаде:

Македонија е жива и тоа не е само име, тоа е начин на однесување кое го дефинира нашето постоење, тоа е она што сме и ќе продолжиме да бидеме Македонци од Македонија и Македонци ширум целиот свет, а сето друго е процес којшто ние инженерите велиме има повратна врска. Многу држави во минатото капитулирале, но биле трпеливи, верувале и биле храбри. Па денеска се велики и обединети. Така да ништо не е загубено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.