Зошто нашата земја не е влезена во распределбата на вакцини од „Фајзер“ за првото тромесечје преку Covax/Gavi системот, ја прашуваат Владата од партијата Твоја.

Рокот за аплицирање за Pfizer вакцини Covax/Gavi системот бил до 18 Јануари 2021? Дали е испочитуван рокот? Доколку е аплицирано навремено, кој е условот кој го немаме исполнето? За Босна и Херцеговина преку истиот систем за првото тромесечје се доделени 23.400 Pfizer вакцини. Потсетуваме дека Covax/Gavi е транспарентен систем. Одговорот за причината поради која не сме влезени во глобалната распределба преку Covax/Gavi системот на 1.200.000 Pfizer вакцини за првото тромесечје е јавна информација и бараме истата јавно да биде обелоденета. Јавната објава од Гави/Ковакс може да го погледнте на овој ЛИНК, велат од Твоја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.