Претседателот Стево Пендаровски обелодени дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска зона, понудата била одбиена затоа што нема друга алтернатива од полноправно членство во ЕУ.
Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Македонија, добивме неформална понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница, веднаш ја одбивме оваа понуда затоа што овој тип на размислување е катастрофален на долг рок, рече Пендаровски.
Претседателот не даде никакво објаснување за ова фундаментално, историски важно прашање за Македонија: кој понудил членство во Европската економска зона, под кои услови е понудата, и кој во Македонија решавал таа понуда да се одбие, бидејќи се работи за понуда која има исклучитено позитивно влијание врз Македонија, и не е можно да се прифати или отфрли со одлука на еден човек.
Отфрлена е покана за членство во ЕЕЗ без никаква јавна расправа, со одлука на мал круг луѓе, а темата допира судбини на секој граѓанин во државата, особено во областа на економијата, вработувањето, социјалата.
Дали е направена фатална, историска грешка со одбивањето на понудата за членство во Европаската економска зона (ЕЕЗ) која ќе остави тешки економски, социјални и политички последици во Македонија најмалку десет наредни години, што е оптимален минимум за евентиален влез на Македонија во Европската унија.
Дали влезот во ЕЕЗ е алтерантива за ЕУ, и дали членството во ЕЕЗ ги запира преговорите за членство во ЕУ?
Не, во никој случај не е така и не постои ниту еден доказ, или пракса дека членството во ЕЕЗ е утешна награда за членство во ЕУ. Напротив, члентвото во ЕЕЗ подразбира прифаќање европски правила и прописи од областа на трговијата, економијата, трговското право… кои се обврзувачки за време на преговорите и евентуалното подоцнежно членство во ЕУ.
Накусо, за време на евентуалните преговори за ЕУ Македонија во пракса би се адаптирала и подготвила за оваа фаза од преговорите за членство во ЕУ а, во меѓувреме, низ ЕЕЗ значително би се зајакнала економски и социјално што, дополнително, би и ги подобрило шансите за влез во ЕУ и би ги скратило преговорите.
Влезот во ЕЕЗ е влез во евроспка институција, и тоа многу битна, со самото тоа се намалува и значењето на бугарската блокада за Македонија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Вака, по објавата на Пендаровски, бугарската блокада добива на клучно значање да се биде или не за Македонија во ЕУ, и ја присилува Македонија на преговори со Софија по секоја цена. Дали ова одбивање на ЕЕЗ е намерно смислено за на Бугарија да и се даде клучно значење за нашата европска иднина во секој поглед, или е случајна грешка?!
Што е ЕЕЗ?
Европската економска зона (ЕЕЗ) е основана на 1 јануари 1994 година, врз основа на договорот меѓу земјите-членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) и Европската Унија. Овој договор дозволува Исланд, Лихтернштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот пазар на ЕУ без редовно членство во ЕУ. За возврат, тие се обврзани да ги усвојат сите закони на ЕУ кои се поврзани со единствениот пазар, освен законите поврзани со земјоделството и рибарството. Притоа, една од членките на ЕФТА, Швајцарија, не се приклучила на ЕЕЗ.
Според членот 126 од Договорот за основање на ЕЕЗ, членки на ЕЕЗ може да бидат само земјите кои се членки на ЕУ или на ЕФТА. Всушност, во членот 126, како членки на ЕЕЗ се наведени само членките на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, а Швајцарија има посебен третман. Притоа, секоја земја може да стане членка на ЕЕЗ со доставување апликација до Советот на ЕЕЗ, врз основа на процедурата наведена во членот 128 од Договорот.
ЕЕЗ се базира на истите „четири слободи“ како и Европската унија: слободно движење на добрата, луѓето, услугите и капиталот меѓу земјите на ЕЕЗ. Членките на ЕЕЗ имаат бесцарински пристап до единствениот европски пазар и на нив се применува регулативата на ЕУ во однос на конкуренцијата, државната помош, јавните набавки и интелектуалната сопственост.
Сепак, слободното движење на луѓето во рамките на ЕЕЗ се однесува само на економски активното население, како и на студентите. За возврат, овие земји мораат да усвојат дел од законите на Европската Унија.
Земјите-членки на ЕФТА кои се дел од ЕЕЗ не трпат финансиски товар поради членството во ЕУ, иако тие придонесуваат финансиски во европскиот единствен пазар. По проширувањето на ЕУ/ЕЕЗ во 2004 г. дошло до десетократно зголемување на финансискиот придонес на земјите-членки на ЕЕЗ, особено на Норвешка, во социјалната и економска кохезија на внатрешниот пазар (1167 милиони евра за пет години). Земјите-членки на ЕФТА не добиваат никакви средства од фондовите на ЕУ.
Ете, ова го одбил претседателот Пендаровски, веројатно во договор со владата и премиерот Зоран Заев. Во време кога Македонија економски е на колена, во рецсија, нема инвестори и при пад на извоз. Кога студентите не можат да студираат равноправно со дригите во ЕУ, а Македонците не можат да бидат конкурентни за вработување на европскиот пазар. Можеме да влеземе, економски, во Европа и без ветото од Бугарија но, решивме свесно и целосно својата европска иднина да ја ставиме во бугарски раце.
Што велат европските експерти за ова фатлна грешка на Македонија?
Пренесуваме дел од интревју на Гералд Кнаус, дадено за порталот Новатв, на 30. Октомври 2019. година
Кон крајот на минатата недела (Октомври 2019-та) Европската иницијатива за стабилност истапи јавно со предлог за формирање на Европска економска зона меѓу земјите од Западниот Балкан како решение за премостување на француското вето (линк од нашиот текст за инцијативата). Нова го контактираше претседателот на оваа иницијатива Гералд Кнаус во врска со овој негов предлог. Кнаус во интервјуто ја образложува неговата иницијатива за формирање Европска економска зона и зборува за перспективите на Балканот во актуелните сложени околности во ЕУ
Дали со овој предлог ставаме крај на проширувањето?
Напротив – со овој предлог европската интеграција на балканските земји ќе напредува. Ние предлагаме Европската Унија да отвори пристапни преговори со шест земји од Западен Балкан за пристапување на европскиот единствен пазар, најголем во светот, со својата слобода на движење на луѓето, капиталот, добра и услуги. Ние предлагаме да се промени начинот на кој овие разговори се одвиваат, да ги направиме фер и трансформативни.
Крајната цел е секоја балканска земја која ги пресретнува условите да биде поврзана блиску до ЕУ како Норвешка, во таканаречената Европска економска зона. Самото зачленување во Европската економска зона е добра работа. Норвешка која е богата земја се уште и плаќа многу на ЕУ за тоа да биде дел од Европската економска зона, бидејќи нуди предности за нејзините граѓани и економија. Се разбира, Западниот Балкан не е богат и му треба помош за да ја стигне, па затоа ЕУ треба да ги зголеми грантовите и помошта, и да му дозволи да се приклучи на единствениот пазар. Зошто? Бидејќи стабилен, демократски, просперитетен Балкан е во интерес на ЕУ.
Сега граѓаните на Македонија можеби велат дека сакаат да се приклучат на ЕУ, ништо друго. Но дури и тогаш нашиот предлог е добар за нив. Како пристапувањето во Европската економска зона е поврзана со пристапот кон ЕУ? Ако пристапот кон ЕУ е маратон од повеќе од 42 километри, тогаш пристапувањето кон Европската економска зона се првите 35 километри по истата патека. Тоа не е спореден пат, или алтернативе, туку е истиот пат.
Тоа не е само моја теорија. Така беше во минатото. Јас тогаш бев млад, но се сеќавам добро, така Австрија, Финска и Шведска се приклучија кон Европската Унија пред повеќе од 20 години. Сите три прво пристапија кон Европската економска зона. Така, бидејќи веќе имаа исполето се што треба за влез во Европската економска зона, тие ги комплетираа пристапните преговори со ЕУ за многу кратко време. Да бидам прецизен, Европската економска зона стапи на сила во 1994, а Австрија, Шведска и Финска се приклучија на ЕУ во јануари 1995 година. Ова е важно, не постојат контрадикции помеѓу целта првин да се стане дел од Европската економска зона, а дури потоа од ЕУ. Напротив, тоа е логично. Сите преговарачи од Европската економска зона тогаш нотираа дека овие преговори подоцна придонеле за брз пристап и во ЕУ.
Што е со заложбата на ЕУ од Загреб 2000 и Солун 2003 за тоа дека местото на Западниот Балкан е во ЕУ? Дали може да ги заборавиме тие значајни документи?
Овие заложби остануваат, се разбира. Во исто време знаеме дека овие ветувања кои се повторувани сите изминати 20 години, никогаш не гарантираа КОГА проширувањето всушност ќе се случи. Никој не може да го гарантира тоа. Секоја земја членка на ЕУ секогаш има право на вето. И тие тоа го користат. Колку пати Македонија беше блокирана од вето на една земја членка, и покрај безусловните препораки на Европската комисија за отпочнување преговори? Девет пати! Никој не знае подобро од Македонците дека најважното нешто е процес кој се заснова на заслуги, а не арбитрарни вета на секој чекор.
Затоа, мојот совет до балканските лидери е да ја фокусираат целата дипломатска енергија на менување на процесот, а не барање на гаранции кои никогаш нема да може да бидат дадени. Ние не знаеме кој ќе биде француски претседател во 2024.
Во моментов, многу земји членки на ЕУ ги сожалуваат Македонија и Албанија. Сожалувањето би требало да помогне да се реформира процесот. Ако не се реформира процесот, што ќе се случи кога ќе треба да бидат отворени првите поглавја? Повторно знаеме, Хрватска го помина тоа, исто и Турција.
Колку е веројатно да се реформира процесот на овој начин? Тешко е, но ако некогаш било време за тоа, тогаш тоа е сега. Тука е новата Комисија, тука е длабоката криза. Затоа ова е моментот да се предложи конструктивен предлог на масата кој ќе ги убеди сите ЕУ членки и ќе функционира за Балканот во наредните години, не само месеци. Клучното прашање не е дали преговорите денес ќе водат до Норвешката ситуација на зачленување во Европската економска зона, или шведската ситуација на зачленување, првин во Европската економска зона, па потоа во ЕУ. Ова ќе биде одлучено подоцна во секој случај. Она што е клучно е преговорите да бидат фер.
Дали Македонија направи фатална грешка која ќе ја плаќа со највисока цена и ќе ја плаќа најмалку 10-15 нередни години ако, патем, успее воопшто да се одржи како држава каква шо ја знаеме, со оглед на сите поделби, падови и предизвици со кои се среќава. На власта устата и е полна со Европа и европски иднини, а на првата отворена европска врата, власта одговори со – не. Никому, освен на нив, не му е јасно зошто.
И оваа одлука е донесена тајно, без јавна расправа, во четири очи, а фактурата за последиците ќе ја плаќаат сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.