Откако во минатото деноноќие беа потврдени 92 нови случаи на позитивни на Ковид-19, вд почетокот на епидемијата, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија изнесува 15.090.

Според последните податоци, во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.238 лица, на починати е 617, а оздравени пациенти се 12.235 пациенти.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 754, Куманово – 262, Прилеп – 152, Гостивар – 136, Тетово – 124 и Штип – 106.

Од скопските општини, најмногу заразени во моментов има во Аеродром – 112, Чаир – 85, Гази Баба и Карпош со по 82 активни случаи, Кисела Вода – 80 и Центар – 76.

Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.