Настрана од внатрешните политички импликации случајот „Мафија“, со издадени 215 македонски пасоши со лажен идентитет на меѓународни нарко-швецвери, на МК може да И создаде сериозни проблеми по однос на безвизниот режим кон земјите членки на ЕУ, вели пратеникот Антони Милошоски, кој потенцира дека доколку нема сериозна истрага на Интерпол и ЕУ за овој скандал, се ризикува безвизниот режим да биде ограничен, или да биде суспендиран.
Милошоски потсетува на реакцијата на Холандија, која во мај 2019 побара укинување на безвизниот режим за албанските пасоши со образложение дека „криминалните организации преку Албанија ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и ја шират мрежата за криумчарење“, за што холандскиот парламент усвои и резолуцијата.
Од сите 215 лажни пасоши кои македонското МВР ги издало на меѓународни нарко-босови во аферата „Мафија” може да се издвои оној со лажниот пасош на име Таќо Вурмо издаден на Валид Иса Хмаис (Waleed Issa Khamays), вториот човек на италијанската мафија Ндрангета (Ndrangheta), кој бил задолжен за логистика на пратките со кокаин од Бразил до Западна Европа. Овој наркобос од 2017 година е еден од најбараните нарко-мафијаши од страна на Италија, но и од целата ЕУ, преку Интерпол. И додека вториот човек на мафијата во Италија, заради меѓународната потерница не смеел и не можел да влезе ни во Хрватска, ни во Србија, ни во Бугарија, успеал во јануари 2019 година да влезе во Македонија, а самиот негов влез во земјава отвара сериозна дилема за нефункциониот систем на контрола на границите од страна на МВР. Со влезот во земјава и издавањето на македонски пасош на Валид Иса Хмаис, Македонија не само што им направила проблем на истражните органи во Италија, туку станала и сива зона за мафијашите по кои трага Интерпол, вели Милошоски.
Безвизниот режим за ЕУ е систем на ефикасна гранична контрола, високи стандарди и меѓусебна доверба, потсетува тој.
Во случајот на издадените 215 пасоши на меѓународни мафијаши Македонија потфрлија во граничната контрола и во взаемната доверба со членките на ЕУ. Затоа ќе мора многу темелно и заеднички со ЕУ да се истражи случајот „Мафија“, се со цел да не се загуби стекнатата привилегија за безвизно патување со македонски пасош во земјите на ЕУ, вели Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.