Додека сите земји се борат за итна и неодложна набавка на анти корона вакцини, неспособниот Филипче најави дека таквите вакцини би можело да пристигнат дури во март наредната година. Тоа значи изгубено време, а тоа ќе доведе до поголем број загубени животи – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека во соседна Србија првите вакцини веќе пристигнуваат.

Во соседна Бугарија до Нова Година ќе има вакцини. Во соседна Грција и во Франција вакцинирањето почнува во јануари, додека во Велика Британија веќе тој процес отпочна исто како и во Русија. Филипче, пак, последен ќе ја набави вакцината која значи спасување на живот, што значи дека бројката на заразени и починати ќе расте. Власта целосно потфрли во справување со корона кризата, 1901 граѓанин ги изгубија своите животи како резултат на неспособноста на Заев и Филипче. Неспособноста, неодговорноста и негрижата на Зоран Заев и Венко Филипче ја носи државата во амбис. Заев и Филипче го урнисаа македонското здравство и ја разнишаа довербата на граѓаните во здравствените установи – се вели во соопштението на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.