Македонија и Босна и Херцеговина се далеку од посакуваните резултати за имунизација на населението. Двете држави се единствени на Балканот кои во потполност вакцинирале до 5 отсто од населението, покажува анализата на Нова.рс.
Според анализата, иако помина речиси половина година од почетокот на имунизацијата во Европа ниту една земја не успеа да вакцинира повеќе од 40 отсто од населението со две дози. Најголем процент има Унгарија каде 30 проценти од населението ги примиле двете дози.
Но, Унгарија во просек дневно аплицира по 94.393 дози. Унгарците имаат опција да избедат помеѓу Спутник, Синофарм, АстраЗенека, Модерна Фајзер, но и малку познатата вакцина од кинескиот производител „CanSino Biologics“.
Друг добар пример за имунизација во Европа е Данска, која, за разлика од Унгарија, има само две вакцини кои се нудат –„Фајзер“ и „Модерна“. Сепак, оваа земја вакцинираше повеќе од 5,8 милиони луѓе, што значи дека вкупно 20 проценти од Данците се имунизирани, додека 31,3 проценти ја примиле првата доза.
Од друга страна, Белорусија досега вакцинираше се само 2,9 отсто од населението со двете дози, а само 4,3 проценти примиле една доза. Парадоксално, оваа земја објави пред два месеци дека ќе започне масовно производство на руската вакцина „спутник В“ во количини од половина милион дози месечно.
БиХ, Македонија, Молдавија и Украина исто така имаат лош процент на вакцинирани, бидејќи ниту една од овие земји не го надмина прагот од пет проценти од вакцинираните, а на самото дно на табелата е Украина, каде 2,2 проценти од популацијата примија единечна доза, а само 0,2 проценти беа целосно вакцинирани. Нешто подобра е Босна и Херцеговина, која достигна еден процент целосно имунизирана, и Македонија со 1,8 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.