Министерот за здравство Венко Филипче информира дека компанијата , која произведува вакцина за Ковид-19, одговори на дописот на Министерството за здравство дека може да отпочнат директни преговори за набавка на вакцина од компанијата производител.

Филипче рече дека нашата земја освен набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, стапи и во директна комуникација со „Фајзер“ и „Астра Зенека“ за набавка на дополнителна доза вакцини за вакцинација и ревакцинација на граѓаните.

– Оваа недела очекуваме одговор и од „Астра Зенека“, што ќе значи дека преку овој механизам со директна комуникација со комапаниите производители ќе преговараме за да обезбедиме дополнителна количина на вакцини. Третиот механизам, е преку земјите членки од ЕУ, заради тоа што во нивните договори освен за нивните граѓани, имаат една количина која е наменета за останатите земји кои не се членки на ЕУ, посочи Филипче.

Што се однесува пак до Ковакс системот тој овозможува еднаков пристап до вакцините, на сите земји кои аплицирале во тој систем, што значи дека во исто врме првите количини вакцини ќе бидат еднакво дистрибуирани во соодветен процент според населението до сите земји кои аплицирале.

Министерот го објасни и процесот на вакцинација, кој рече дека ќе е многу комплексен, но затоа се пристапило доста сериозно, анализирани се сите аспекти на вакцинацијата, а веќе течат активности за успешен процес на имунизација. Формирано е специјално координативно тело кое ги анализира сите аспекти на вакцинацијата – прием, чување, дистрибуција и практичната апликација на граѓаните.

Министерот го објасни системот на имунизација во сите сегменти.

-Во делот на чувањето ќе се користат магацините на економските оператори каде и сега се чуваат вакцините, единствено нешто што ќе биде додаток се фрижидерите на -70 степени за еден тип од вакцините. Фрижидерите ги добиваме како донација од американска фондација со која што имаме долгогодишна соработка и тие фрижидери ќе бидат тука веќе од јануари. Практично ќе бидат поделени кај сите економски оператори. Оттука тргнува процесот на дистрибуција кој е еднаков каков што е и сега за сите други вакцини, до сите ЈЗУ-а кои имаат пунктови за вакцинација, тоа ќе бидат здравствените домови, центрите за јавно здравје и болниците. Лекарите здравствениот персонал, медицинските сестри сите вработени кои треба да се вакцинираат ќе се вакцинираат на местата каде што работат. Вакцинацијата ќе ја спроведат веќе искусни лекари и медицински сестри за кои ќе бидат направени дополнителни обуки, додаде Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.