Денес сме овде да дадеме морална поддршка на нашите браќа патриотите, да им порачаме да истраат во борбата затоа што ќе изгрее сонцето на слободата.
Македонија ќе ги надживее сите нив ќе ги надживее овие јаничари кои ја парчосуваат Македонија, истакна Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред затворот во Штип.
Браќа и сестри ние сме Македонци затоа што зборуваме македонски, затоа што пееме македонски, затоа што се веселиме на македонски.
На нашите патриоти браќа и сестри се Македонци затоа што страдаат на македонски затоа што страдаат за татковината за Македонија.
И ако некогаш се соочите со неправдите сетете се на нашите браќа кои што се за неправда затворени овде, затворени како многумина Македонци низ историјата, кои се запишани со златни букви, но најважно од се, се запишани во нашите срца како што се запишани и нашите браќа кои се овде неоправдано осудени.
Но, исто така има многу одродени Македонци кои биле и ќе останат на темните страни на историјата.
Да сте живи и здрави. Слобода за патриотите, слобода за Mакедонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.