Владата на денешната 78. седница ја усвои Информацијата за учество на Република Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР.
Владата го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година, и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Република Македонија во операцијата на НАТО во Косово – КФОР најдоцна до 15.12.2020 година, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.