Откако во последниот извештај на министерството за здарвство се забележани 428 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, вкупната бројка на заразени од корона вирус се искачи на 23.628 луѓе.
Во извештајот се регистрирани и 10 нови починати, со што бројот на жртви од епидемијата се искачи на 834.
Во моментов во земјата има 5555 активни случаи на Ковид-19.
Како што информираат од министерството за здравство, во минатото деноноќие биле направени 1.853 тестирања, а нови случаи на Ковид-19 има во: Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.
Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.