На сите држави во светот приоритет им е справувањето со пандемијата и се одложува се она што може да го загрози здравјето на граѓаните, но во Македонија и покрај тоа што е една од најлошите земји во светот што се однесува на стапката на смртност од КОВИД-19, премиерот Зоран Заев се чини како воопшто да не го интересира здравјето на неговите граѓани од кои секојдневно десетици ја губат битката со КОВИД-19 и во вакви услови изјавува дека пописот ни е од огромна важност и мора да се случи.

Нејасно е зошто Владата сака пописот да се случи по секоја цена кога токму поради пандемијата и за да се зачува здравјето на граѓаните, повеќе европски земји како што се Германија, Ирска и Шкотска веќе го одложија пописот за една година.

Но, премиерот Заев упорно тврди дека нашата држава има капацитет да го спроведе пописот, а тука се поставува прашањето дали Македонија како држава е посилна и поорганизирана од една Германија или животите на македонските граѓани вредат помалку од оние на германците.

Ние имаме капацитет за организирање на оваа сложена операција, го проверивме на избори, парламентарни и локални во Штип и Пласница, кои се одржаа. Самата операција е полесна од делот на операцијата за избори, се изјасни Заев по ова прашање.

Симптоматично во целата ситуација е и тоа за што обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно дека методологијата за попишување се уште не се објавува, иако требаше да биде интегриран дел од Законот за попис. Невоведувањето на терминали за отпечаток на прст кои што секако треба да се набават и е законска обврска за локалните избори кои ќе се одржат оваа година, остава многу простор за злоупотреби и со тоа би се довел во прашање целиот процес во кој луѓето нема да веруваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.