Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена:
Македонија – 4,73%
Бугарија – 2,52%
Србија – 1,62%
Хрватска – 0,21%
Грција – 0,14%
Црна Гора – 0%
Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно.
Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот за последните 7 дена:
Македонија – 91
Бугарија – 31
Србија -85
Хрватска – 4
Грција- 4
Црна Гора – 0
Албанија – 33
Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно, велат од партијата.
Додаваат дека во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот.
Македонија 8, Бугарија 2, Србија 2, Хрватска, Грција 1, Црна Гора 0, Албанија 1.
Најмногу починати лица. Повеќе починати на 1 милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно. Катастрофалната состојба со справување на корона вирусот во Македонија продолжува. Сето ова оди на нечистата совест на Зоран Заев, соопшти партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.