Западниот Балкан се уште останува транзитна рута преку која поминуваат илегалните имигранти, кои потоа се упатуваат кон земјите од Западна Европа. Македонија е под постојан притисок од илегалната имиграција поради нејзината географска положба. Минатата година со мерките кои интензивно се преземаат на границата на Македонија кон Грција има ефекти и главниот миграциски бран е прекинат тука, при што се изнаоѓаат алтернативни рути.
Според податоците на МВР, во Македонија во првите девет месеци од годинава биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границите, за разлика од лани кога беа откриени 13.143 вакви случаи. Најголем дел од обидите се регистрирани на границата со Грција 90,7 отсто, а околу осум проценти се на границата со Србија, покажуваат податоците на МВР. Во однос на земјата на потекло на мигрантите, и оваа година најбројни се државјаните на Пакистан – 6.937, потоа следат државјаните на Авганистан 4.037, Бангладеш 1.879, Индија 1.049 и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.