Македонија и Турција ќе потпишат петгодишен Договор за воено-финансиска соработка.
Како што посочуваат од Министерството за одбрана, договорот предвидува годишна алокација на финансиски средства од Турција за Македонија, кои ќе се користат за зајакнување на борбените капацитети, набавка на артилериска опрема и модернизација на Армијата.
На средбата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, ќе стане збор и за идните планови за соработка во одбраната, едукација, обуки и вежби согласно Договорот за билатерална соработка за 2021 година.
Шекеринска ќе присуствува и на отворањето на Меѓународниот саем на одбранбена индустрија „ИДЕФ 21“ кој се одржува во Истанбул од 17 до 20 август.
Присуството на саемот „ИДЕФ 21“ на делегацијата од Македонија предводена од министерката Шекеринска е со цел да се согледаат можностите за набавка на нова опрема во функција на модернизацијата на нашата Армија за што годинава се наменети 25 проценти од буџетот во одбраната – наведуваат од Министерството.
Како што велат од Министерството, саемот на одбранбена индустрија на Турција е меѓу водечките во светот каде се претставуваат највисоките технолошки достигнувања во воената опрема. Се очекува на Саемот да учествуваат околу илјада компании и 400 делегации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.