Македонија гласала „воздржана“ за резолуција во ООН со која се осудува величањето на нацизмот и неонацизмот.
САД и Украина гласале против резолуцијата предложена од Русија, додека, сите делегации од земјите членки на ЕУ, вклучително и Германија, гласале „воздржани“. Други европски земји како Србија, Босна и Херцеговина и Молдавија, како и Израел, ја поддржаа резолуцијата.
Резолуцијата ги повика земјите-членки да усвојат законодавство за елиминирање на сите форми на расна дискриминација и да ја осудат „глорификацијата, во каква било форма, на нацистичкото движење, неонацизмот и поранешните членови на организацијата Вафен СС, како и ревизионизмот во однос на Втората светска војна“.
Генералното собрание на ОН ја усвои нацрт-резолуцијата која предвидува борба против величење на нацизмот, неонацизмот и другите практики што придонесуваат за разгорување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција, како дел од своето 75. Генерално собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.