Законите треба да бидат напишани од стручната фела, од луѓе чиј интерес е само интересот на граѓаните а не интересот на Заев да се избега од одговорност. Македонија е земја на нејзините граѓани, а не само земја на една мала група на луѓе, одредено семејство, било тоа Заеви или некое друго. Како држава не смееме повеќе да грешиме. Го немаме тој луксуз ниту пак граѓаните го даваат тоа право. Само така Македонија ќе има иднина – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил како реакција на ставот на бившиот премиер дека нема време експерти да го подготват Законот за јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.